Холандски експерт за Балканот: Збунувачка некомпетентност на Португалија

Изјавата на португалското претседателство со ЕУ за северномакедонски јазик кој бил дел од бугарскиот за холандски експерт за Балканот и евроинтеграциите на Македонија и Србија е израз на некомпетентност на официјален Лисабон.

Раниер Јаарсма кој одлично го познава регионот но и процесот на проширување на ЕУ смета дека Лисабон како и повеќе други членки на ЕУ немаат капацитет да се справат со прашањата поврзани со проширувањето.


“Потсетување дека некои земји-членки, а Португалија е една од нив, се едноставно лошо подготвени и немаат експертиза за решавање на прашањата за проширувањето. Збунувачка некомпетентност од Португалија”, пишува Јаарсма за вчерашниот дипломатски инцидент во кој Португалија макеодонски јазик го прогласи за северномакедонски со корен во бугарскиот јазик.