Холандски експерт очекува полош индекс за хибридниот режим на Заев во 2021

“Чудно: На табелата Украина е на 79, а не на 76, веднаш по Македонија на која и претходат Бангладеш и Ел Салвадор.
Лош резултат за Македонците во секој случај, со ограничени шанси Индексот за демократија 2021 да забележи значително подобрување. Поверојатно понатамошно назадување”, анализира холандскиот експерт за Балканот Ханс Ван ден Берг.

Ван ден Берг својата анализа ја прави врз основа на состојбите во Македонија и на база на листата која во февруари ја објавува Одделот за истражување на весникот Економист која го покажува Демократскиот индекс во светот.

На листата за 2020 година Македонија се наоѓа на мизерното 78 место.

Пред Македонија која повторно беше прогласена за хибриден режим се земји како Бангладеш и Ел Салвадор кои имаат лоша демократска традиција и се соочувале со сериозни безбедносни и демократски предизвици.

Подемократски земји од Македонија се Албанија и Србија од регионот и Колумбија и Намибија на ниво на цел светот.

Сите држави на листата на Демократскиот индекс за 2020 во твитот