Холандски државјанин гради без дозвола во срцето на Охрид, никој не го запира

Охриѓанец со холандски пасош бесправно гради на атрактивна локација во срцето на стариот град во Охрид а ниту една институција не презема ништо против довоградбата.

Иако соседи бесправната градба ја пријавиле кај општинските власти и Охридската полиција ниту една инспекција не ја запира градбата која се одвива пред очите на комуналните инспектори кои не излегуваат на терен.

Нејасно е зошто не реагираат општината и комуналните инспектори затоа што градбата е на атрактивна локација на самото езеро а според соседите постои опасност по безбедноста на граѓаните затоа што мајсторите не презеле соодветни мерки за заштита на околни објекти.

Иако пријавите до МВР и во општината се поднесени пред десетина дена се уште никој не презел ништо против бесправната градба на атрактивната локација во близина на црквата Света Софија.

Последна вест

Контроверзна позадина

Рама, Курти и Ахмети се сретнале за албански “Комонвелт“