Холандија нема да го отстрани ветото за пристапување на Бугарија во Шенген, најави министерот за миграција на кралството Ерик ван дер Бург, цитиран од БНР.
Според него, ситуацијата во моментов не е променета. Тој самиот не очекуваше дека тоа ќе се случи на краток рок.
Ван дер Бург повторно инсистираше на мисија во Бугарија пред да биде донесена конечната одлука на неговата земја.
„Прво, сакаме независна мисија за утврдување факти. Потоа очекуваме извештај од Европската комисија, во кој ќе биде напишано:
„Тие не само што ги донесоа потребните закони поврзани со владеењето на правото, туку и ги спроведуваат ”, ги објасни тој очекуваните чекори, пренесоа медиуми..
Билатералната средба закажана за вчера меѓу него и неговиот бугарски колега Калин Стојанов не се одржа.
Министерот за внатрешни работи на Шпанија, Фернандо Гранде-Марласка изјави дека во декември може да се гласа за прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната.
Шпанија моментално претседава со Советот на ЕУ.