Илјадници луѓе во петокот ги напуштија своите домови на југот на Холандија, бегајќи од надојдени води кои пробија насип.
Голем дел од Холандија е под нивото на морето, заштитен со комплексен систем на древни насипи и современи цементни бариери кои спречуваат навлегување на водата од морето и реките.
Премиерот Марк Руте прогласи национална катастрофа во јужната провинција Лимбург, што се наоѓа помеѓу поплавените области во западна Германија и Белгија.
Властите започнаа со евакуација на големи делови од градот Венло во петокот попладне, а на луѓето од помалата општина Мерсен исто така им беше кажано веднаш да ги напуштат своите имоти, објави Ројтерс.
„Има голема дупка во насипот … Напуштете го домот веднаш и одете на безбедно“, објавија службите за итни случаи во Мерсен.
Во меѓувреме војската успеала да го поправи насипот.