Групи за човекови права вчера покренаа граѓанска постапка пред суд во Хаг, во обид да ја блокираат холандската влада да извезува делови за борбени авиони Ф-35 во Израел.
Тие тврдат дека извозот може да ја направи Холандија соучесник во можни воени злосторства, јавува Ројтерс
Во Холандија се наоѓа едно од неколкуте регионални складишта на делови за F-35 во сопственост на САД, кои потоа се дистрибуираат до земјите што ги бараат, вклучително и Израел.
Групите за човекови права, меѓу кои беше и Oxfam Novib и холандската филијала на меѓународната добротворна организација, тврдеа дека Израел ги користел авионите во нападите во Газа во кои убивале цивили.
Спречување на тоа е поважно отколку Холандија да ги исполни своите комерцијални или политички обврски кон сојузничките земји, тврдат тие.
„Холандската држава мора веднаш да ги прекине своите испораки на делови за Ф-35 на Израел“, рече адвокатката Лизбет Зегвелд во скратената постапка пред Окружниот суд во Хаг.
„Тоа е нејзина обврска според … член 1 од Женевската конвенција, нејзина обврска е …да го спречи геноцидот и тоа е нејзина обврска според законот за извоз“.
Израел негира дека извршил воени злосторства бидејќи одговара на прекуграничниот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, во кој беа убиени 1.200 Израелци, а околу 240 беа земени како заложници.