Холандија: Министер мора да замине доколку е осудена неговата политика

Холандската министерка за надворешни работи, Сигрид Кааг, вчера поднесе оставка по критиките од пратениците кои ја сметаат за одговорна за хаотичната евакуација од Авганистан.

„Парламентот смета дека владата постапила неодговорно … Единствено што можам да прифатам се последиците од таа процена како министер кој ја носи крајната одговорност“, – рече таа во образлочувањто на својата оставка.

Пратениците го прифатија предлогот во кој се истакнуваат критики до владата за неуспехот во евакуацијата на дел од Авганистанци и дека однапред не увидела дека талибанците би можеле многу брзо да ја преземат власта. Можеби ќе ве интересира

„Според моето разбирање на демократијата и нашата традиција на владеење, министерот мора да си замине доколку е осудена неговата политика. Затоа до Неговото Височество (кралот Вилем-Александар) ќе поднесам оставка од позицијата министер за надворешни работи“ рече Кааг која од мај беше вршител на должноста министер за надворешни работи.