Холандија конечно ги отстрани сите пречки за полноправно членство на Бугарија во Шенген, пренесува БНР.
Иако гласањето синоќа во холандскиот парлемент не собра потребно мнозинство од 76 пратеници за таква одлука, беше одбиен предлогот за влез во Шенген само по воздушен пат, како што побара Австрија.
За целосно пристапување гласаа 59 пратеници, но во пракса тоа значи дека е одбиено барањето Бугарите да патуваат низ Шенген зоната само по воздушен пат, што според дипломатите Претставува „зелено светло“ за полноправно членство.
Бугарија да не прифаќа „воздушен Шенген“
Австрија и Холандија на 8 декември 2022 година го блокираа приемот на Бугарија и Романија во Шенген и дадоа зелено светло само на Хрватска поради страв од прилив на илегални мигранти.