„ДУИ ќе доживее тектонски удари. Во 2022 година гледам превремени избори. Оваа Влада не е стабилна и нема легитимитет. Политичката иднина на Албанците, барем на наредните избори, ќе биде албанската опозиција.“ – изјави генералнот секретар на опозициското Движење Беса Аријанит Хоџа во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21
На својот интернет – портал ТВ 21 објави дел од искажувањата на Аријанит Хоџа.
„Мило ми е, што им го расипавме филмот на коалиционите партнери Тачи, Ахмети и Зоран Заев. Се навраќам што се случи, всушност. Една поговорка вели: ‘Што има во домот, кажуваат децата’. Во вашите дебатни емисии Мендух Тачи велеше дека Беса ќе излезе од Владата, оти нема да победи во Тетово и дека Алтернатива ќе не замени.“
„На прашање на водителот дали Артан Груби ги избркал од Влада Хоџа одговори: ‘Груби нема сила да го стори тоа. Движењето Беса им ги расипа сите математики на Груби, на ДУИ и на СДСМ.’ Хоџа го критикуваше првиот вицепремиер од редовите на ДУИ Артан Груби, укажувајќи: „Само е прашање на времето кога тој ќе замине од Владата.“
„Генералниот секретар на Беса Хоџа потврди дека се сретнал деновиве со поранешниот висок функционер на ДУИ Муса Џафери, познат и како припадник на така наречената ‘Огнена група’ во ДУИ.“
Инаку, „Огнената група“ во ДУИ е влијателната струја на внатрешно – партиските незадоволници, меѓу кои и потпретседателот на ДУИ Изет Меџити, Муса Џафери, Блерим Беџети и други функционери и партиски членови, која бара повисоки позиции во партијата и веќе учество во Владата.
„Во дебатниот магазин ‘КликПлус’ во врска со средбата со Џафери Хоџа истакна: ‘Имав пријателски повик од Муса Џафери, заради разговор, кој не се однесуваше на начинот на владеењето на ДУИ. Не е коректно јас да изнесувам во јавноста нешто за што сум бил повикан.“ – објави ТВ 21.