„Х&М“ влегува во Македонија на 18 август

Шведскиот ланец продавници за облека „Х&М“ („Хенес и Мауриц“) својата прва продавница во Македонија ќе ја отвори на 18 август во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје на површина од 2.300 метри квадратни.

Покрај во Македонија, „Х&М“ во Југоисточна Европа е присутен и во Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Романија, Србија, Словенија и Турција.

Другите четири нови пазари на компанијата годинава се Еквадор, Костарика, Гватемала и Камбоџа.