Алексис Гусдел, директор на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (EMCDDA), изјави дека ситуацијата со дрогата во Европа е сериозна.
„Достапноста на дрога во ЕУ е поголема од кога било. Во 2021 година запленивме 330 тони кокаин, 816 тони хашиш и 214 тони синтетички канабис.
Во исто време се произведува голема количина на синестетички дроги“ рече тој во емисијата Отворено на ХРТ .
Откривме голем број лаборатории каде се произведуваат овие синтетички дроги. Секоја недела откривавме нова психоактивна супстанца.
Можеме да кажеме дека ситуацијата во ЕУ е сериозна.
Последиците се такви што денес велиме дека бледнее границата меѓу тешките и лесните дроги, меѓу дозволените и недозволените супстанци, така што навистина сме во сложена сегашност“, рече тој.
„Зборуваме за епидемијата на хероин и зависноста од хероин, но и за нови супстанции“, додаде тој.
