Косовскиот претседател Хашим Тачи поднесе оставка, објави албански „Ора њуз“.

Неговата одлука е поврзана со потврдено обвинение од страна на Специјалниот трибунал за воени злосторства во Хаг.

“За да го заштитам интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, јас денес поднесувам оставка како претседател. Се чувствувам многу горд на одговорноста што ја носев“, соопштил Тачи.

За потсетување, обвинението против Тачи, Вејсели и други девет припадници на ОВК беше поднесено од Специјализираното обвинителство до Специјализираните совети на Косово на 24 април, а шестмесечниот рок за негова потврда истече на 24 октомври.