Хасани за отворањето кон Косово и Ковид-19: Одењето во Приштина е како до Тетово или Куманово

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани не гледа проблем во отворањето на Македонија за влез на граѓаните на Косово без ПЦР-тест, и покрај експлозијата на Ковид-19 во регионот.

„Одлуката е основана, бидејќи во моментот кога се отвори границата, бројките во Косово беа подобри отколку во Северна Македонија. Косово одговори на нашето барање за реципрочно отворање и немаше причина да се одбие“, изјави Хасани за ТВ 24, додавајќи дека „патувањето од Скопје до Приштина е исто како и патувањето од Скопје до Тетово или Куманово, со оглед на тоа што бројките се речиси исти“.