„Постројувањето на НАТО, предводено од САД, до УЧК и Албанците во Косово е потврда за чистотата на нивната ослободителна борба. Албанците ќе и бидат вечно благодарни на Америка за секоја етапа на нивната историја.“ – напиша на фејсбук Рамуш Харадинај, поранешниот премиер на Косово и сегашен претседател на партијата Алијанса за иднината на Косово, по повод 24-годишнината од потпишувањето на Кумановскиот  договор во Куманово. Ова го пренесе ТВ 21.

ТВ 21 дополнува: „Во објавата на фејсбук Рамуш Харадинај изнесе дека овој договор конечно ставил крај на српскиот режим на Косово и на етничкото чистење како главна цел на Милошевиќ.“


Инаку, Кумановскиот договор е воено-техничкиот договор склучен меѓу Меѓународните безбедносни сили и KФОР и владите на Jугославија и Србија ноќта меѓу 9 и 10 јуни 1999 година на воениот аеродром, во базата на KФОР – Tалон во близината на Куманово,  како дел од операцијата на НATО во Косово. Тој договор означи крај на НАТО бомбардирањата на СР Југославија. Еден ден подоцна е усвоена резолуцијата 1244 во Советот на безбедност. По тој договор војската и полицијата на Србија се повлекоа од Косово и тоа беше зачетокот на независноста на Косово.