Интерес на Албанија е да обезбеди државјанство на сите Албанци, бидејќи на тој начин ќе се зголеми бројот на учесници на пазарот и економијата, вели лиерот на Алијанса за Косово и поранешен премиер, Рамуш Харадинај.
„Ако сите Албанци добијат државјанство, тогаш ќе има повеќе од 10 милиони луѓе поврзани со Албанија кои ќе придонесуваат во се’, даноци, придонеси или дури и посети. Така моќта на албанската држава ќе се зголеми во економската, безбедносната, како и други области“, рече поранешниот косовски премиер.
Тој рече дека Косово и Албанија имаат голема потреба да се договорат за сите протоколи на меѓусебни односи во секоја област од животот, како и дека е важна брзината на нивното спроведување.
Изјавата на експремиерот доаѓа непосредно по „изјаснувањето“ на премиерите на Косово и на Албанија, Албин Курти и Еди Рама дека би гласале „ЗА“ референдум за обединување.
