Харадинај: Или членство во ОН или приклучување кон Албанија

Доколку не стане членка на Обединетите нации или на НАТО, Косово ќе се приклучи на Албанија, изјави денеска лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај.

„Ако не го добиеме заслуженото место во ОН и НАТО, нема да останеме сами, нема да останеме без семејства, ние сме албанска нација, ќе се приклучиме на нашето албанско семејство…

Косово има долга историја, Косово им припаѓа на своите граѓани илјада години, како мене“, рече Харадинај.