Хаосот на граничниот премин што Спасовски “го отвори” на ливада

Добро информиран профил на Твитер кој објавува огромен број на информации по кои МВР на Спасовски поднесува кривични и прекршочни пријави за прекршување на законите ја објавува и реалноста зад отварањето на привремен граничен премин до Албанија и Косово.

Спасовски во неделата се пофали дека 3 години откако предходно го отворил привремениот граничен премин пак го отвара истиот приложувајќи слики до полицајци седнати на маса на ливада.

“Горе на Стрезимир ситуацијата е ваква:
Во 1 возило “дефендер” и зиме и лете 12 саати, јадат во него и се без тоалети.
Немаат поим дали лице се бара по потерница или не, само запишуваат.
Масата и столовите се земени од АД ЕЛЕМ на 15,5 км од тука.
Без сигнал на уреди, сами на себе”, пишува добро информираниот профил на Твитер.

Во очекување на реакција на МВР и министерот Спасовски да објаснат зошто за три години не создале услови за нормална контрола на врмеениот граничен премин.

Спасовски се пофали со граничен премин на ливада што го отворил и пред три години