Хаос во владата: Вицепремиерот го обвини Филипче дека дрско лажел

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на Алсат-М одговори на обвинувањето на министерот за здравство Филипче кој тврди дека потписникот на Преспанскиот договор не само што немал контра ставови на антиковид мерките туку дека воопшто не доаѓал во телото каде се разговарало за темата.

,,Така дрско да се лаже. Не може да се прави политика со една лага наспроти друга лага. Филипче дрско лаже. Нека ги проверат стенограмите од 97 седница на влада од август”, вели Димитров кој вели дека молчел додека бил во владата затоа што требало да се решаваат работите одвнатре.

Димитров вели дека владата се мачела со него и сакал да ги наметне своите ставови во владата.

Тој тврди дека и додека бил во владата не молчел иако досега нема случај во кој тој јавно ја критикувал власта пред да не добие место во новата влада на Ковачевски.