Израел е во тотален хаос откако премиерот Бенјамин Нетанјаху го отпушти министерот за одбрана Галант поради критиките за судските реформи.

Предходно дојде до кулминација на протестите поради судските реформи на премиерот Нетанјаху во Израел, бидејќи полицијата извади водени топови за да ги растера демонстрантите.

Стотици илјади луѓе протестираа против судските реформи на Нетанјаху, велејќи дека тие ќе стават крај на демократијата.

Судските реформи на Нетанјаху ќе ѝ дадат на владата контрола врз изборот на судии и ќе ја ограничат способноста на Врховниот суд да пресудува против претседателот и извршната власт, или да го суспендира законодавството.

Премиерот Нетанјаху го отпушти министерот за одбрана Галант додека демонстрантите, кои демонстрираа против реформите во судството, го пробија полицискиот кордон во близина на резиденцијата на Нетанјаху.

Според видеото кое е објавено од Интел Репаблим голем број луѓе ги кршат бариерите и трчаат кон резиденцијата на Нетанјаху.

Лидерите на израелската опозиција објавија дека издале заедничка изјава, со тврдење дека Нетанјаху вечерва ја преминал ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА.

Многу сме загрижени за случувањата во Израел и нивното потенцијално влијание врз подготвеноста на израелската армија, е реакцијата на Советот за национална безбедност на САД откако израелскиот премиер Нетанјаху го отпушти министерот за одбрана Галант.

Израелскиот генерален конзул во Њујорк поднесе оставка во знак на протест поради политичките превирања дома.

Израелските универзитети се приклучуваат на протестите и најавуваат СУСПЕНЗИЈА на студиите од утре.

Поранешниот израелски премиер Бенет вели дека земјата е во НАЈГОЛЕМА опасност од војната во Јом Кипур, го повикува премиерот Нетанјаху да го повлече разрешувањето на министерот за одбрана Галант и да ги суспендира судските реформи.

Војната Јом Кипур, позната и како арапско-израелска војна од 1973 година, беше вооружен конфликт што се водел во октомври 1973 година меѓу Израел и коалицијата на арапски држави предводени од Египет и Сирија.