Хаосот во ГОБ 8-ми Септември и натаму продолжува.Мамографот не работи, со месеци не функционираат лифтовите во болницата, пацинети, медицински персонал и отпадот се превезуваат само со еден лифт. Пацинтите кои се сликаат не рендген не добиваат слика ниту ЦД – затоа што нема објави ТВ Алфа.

Докторите јавно пишуваат за како што велат загрижувачката состојба во која се наоѓа една од главните болници во државата. Бараат одговорност од директорот Костов кој го обвинуваат дека не доаѓал на работа и немал слух за нивните проблеми кој секојдневно со соочуваат целиот медицинскиот персонал и пацинетите. Алармираат итно да им помогне и министерот Филипче пишува ТВ Алфа.

“Системите ХИС секој ден паѓаат, не можеме нормално да функционираме. Контејнер со ѓубре стои со месеци во кругот на болницата. Имаме директор кој не доаѓа на работа.Вработените четири години не знаат каде е.Венко дали вака се раководи со најфрекфрентната болница во државата?Зошто не реагираш, што е проблемот не можеш, не сакаш или си презафатен? Ова е дно од раководење во оваа болница да се засрамите од функциите! Ќе се видиме преку медиумите” – вели еден од докторите во болницата.

Првиот човек на ГОБ 8 септември д-р Христијан Костов како и вообичаено немаше одговор на нашите прашања.Не одговорил ниту денеска, на повиците од ТВ Алфа дали нешто ќе преземе за проблемите со кој се соочува болницата.

Прашања поставиле и во Министерството за здравство дали е познат проблемот и дали министерот ќе изнајде решение, одговор не добиле и од таму.

Алфа пред три месеци објави за проблемите во болницата.Директорот Костов тогаш уверуваше дека тендер за нови лифтови имало и дека најдоцна за еден месец во болницата ќе се инсталираат нови, но од тогаш поминаа три месеци, а проблемот си постои.Ветуваше и дека ќе се стави во функција мамографот и тој за жал и на штета на пацинети.

Линк до текстот.