Хаос со термините за вакцинирање: 80 годишна битолчанка треба да оди во Кавадарци

Пред самиот почеток на долго очекуваната масовна вакцинација која треба да започне утре со 200 илјади вакцини од кинески „Синофарм“, хаос со термините. Дел од граѓаните кои претходно се пријавиле за имунизација на сајтот vakcinacija.mk, добиваат СМС пораки со термин за во друг град од нивното место на живеење.



На Фејсбук групата „Ковид-19 Искуства и совети“ дел од нив разменија искуства за ваквиот проблем.
„“Од Велес сме, а мајка ми ја викнаа во Кавадарци за вакцинација.”

“Мене ми се случи, пријавена во Скопје, а кога се јавив кај матичната докторка и прашав зошто се уште не ме повикале, ми рече дека сум била закажана во Охрид.Апсурди.”

“Од Битола а треба да се вакцинира во кавадарци, 80 годишна жена.Лудило!”

“За едната тетка добив известување на маил, за другата не.Едната од Битола, закажана за Охрид, ептен чудно!”

“Татко ми доби термин во Тетово, а живее во Куманово.”

“Очигледно сите различни информации добиваат.” – ова се дел од коментарите на социјалните мержи објави Алфа.

И покрај ваквата хаотична ситуација според Министерството за здравство проблем нема.

“СМС пораките се испраќаат на бројот кој лицето го оставило кога се пријавило на vakcinacija.mk или преку матичен лекар, односно на бројот кој е во досието на пациентот. Пунктот за кој добил термин, граѓанинот сам го избрал или е избран од матичниот лекар.” – велат од МЗ за Алфа“.

линк до видеото.