Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, преку „Твитер“ се огласи во врска со скандалот „Рекет“ и порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи.
„Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања“, вели Хан откако претходно објави дека никој не е над законот.
„Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Сите кривични дела мора да бидат испитани од надлежните органи, ослободени од какво било мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, порача еврокомесарот.
Денеска во видео колумна авторот на серијалот текстови во италијанскиот „Ла Верита“, Ларис Гејзер, изрази разочарување од молкот во ЕУ околу „Рекет“.