„Ако земји како Северна Македонија ги исполнуваат тешките услови, со жртви по населението и висок политички и личен ризик за Владата, тоа мора да биде препознато со тоа што ќе се турне земјата напред кон ЕУ.
Ако нашите партнерски земји исполнуваат, нашите земји членки мораат исто така да исполнат„ оценува еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за МИА.
Тој е уверен дека земјите членки на ЕУ пред летото ќе одобрат почеток на преговори зашто земјава е апсолутно подготвена да ги почне преговорите, врз основа на резултатите и постигнатиот историски договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија, со што, докажа дека и и најдолгите спорови во регионот можат да бидат решени.
Интеграцијата на Западниот Балкан е инвестиција во стабилноста на Унијата и зачувување на нејзините политички, економски и геополитички интереси, вали Хан во интервјуто за МИА.