Еврокомесарот Јоханес Хан денеска имал средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на маргините на самитот на европските народни партии во Хелсинки на која му порачал дека преспанскит договор мора да пројде.

„Корисен разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Бев кристално јасен дека ратификацијата на договорот од Преспа мора да се финализира бргу и без никакви пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не го опструира процесот во Собранието. На евроинтеграциите им е потребна лојална опозиција“, напиша Хан на „Твитер“ по средбата.