Хамас ќе запали илјадници гуми на границата со Израел

Палестинците денеска планираат да запалат илјадници гуми на границата со Газа, во обид да ги „заслепат“ израелските војници од таа страна на границата со чад и пламен, за време на денешните протести во организација Хамас.

Масовниот протест, доаѓа по смртоносните  демонстрации минатиот петок, на кои присуствуваа десетици илјади Палестинции кога загинаа 17 луѓе и над илјада повредени.

Илјадници Палестинци се очекува да се соберат на пет места во близина на границата на Газа со Израел на протестот кој трае од 30 март против 11 годишната израелска блокада на Појасот Газа во која шивеат 2 милиони луѓе

Израелските власти предупредија дека палењето на десетина илјади гуми ќе предизвика  опасно загадување и еколошка катастрофа во регионот.