Анонимен извор близок до Хамас дека движењето „се согласило да го продолжи примирјето за четири дена“ под истите услови, јави АФП.

Условите вклучуваат ослободување на најмалку 10 израелски заложници секој ден во замена за ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори, хуманитарен пристап до Појасот Газа и запирање на израелските летови (вклучувајќи беспилотни летала) над Појасот.

Договорот со вакви параметри е веќе шести ден во сила, веќе еднаш продолжен за два дена.

Тој формално истекува денеска, но во Катар се водат интензивни разговори во кои се вклучени шефовите на разузнавачките служби на Израел, САД и Египет за продолжување на примирјето за уште неколку дена.