Хамас бара примирје – ги објави условите

Палестинското радикално движење Хамас ги информираше медијаторите во разговорите со Израел дека првото барање за деескалација е – прекин на огнот, изјави Халед Машаал, шеф на политичкото биро на движењето надвор од Палестина.

„Турција, Катар и Египет работат на деескалација и запирање на израелските напади во Појасот Газа и Ерусалим…Барањата на Хамас вклучуваат повлекување на израелскиот безбедносен персонал од џамијата Ал-Акса во Ерусалим, слободен пристап за верниците, прекинување на депортацијата на жителите од областа Шеик Джара и ослободување на сите приведени при најновата ескалација

„Ги информиравме медијаторите дека првиот услов е да се запре агресијата“, соопштил Мешал.

Десет члена на семејство беа убиени утрово во израелски воздушен напад во западниот појас Газа, јавија француски медиуми повикувајќи се на палестинските здравствени власти.

Како одговор на нападот, Хамас испука проектили кон јужниот дел од Израел.