Халили: Албанците се солидарни со Македонците во спорот со Бугарија, но тоа нема да трае вечно

Некогашниот министер без ресор и ексамбасадор Мухамед Халили смета дека Албанците им даваат поддршка на Македонците во спорот со Бугарија за македонскиот идентитет, но таа нема да биде бесконечна.

„Ако продолжиме да покажуваме солидарност, тоа трае долго и со тоа ја губиме перспективата на населението, ние не можеме да прифатиме – нема ЕУ доколку не се постигне договор. Ние не можеме да го прифатиме ова. Ние велиме дека нема ЕУ, но мора да се прават напори (членството во) ЕУ да биде што е можно поскоро“, изјави поранешниот потпретседател на Партијата за демократски просперитет (ПДП) за емисијата „360 степени“ на Алсат-М, не прецизирајќи за колкав временски период се однесува тоа „поскоро“.