Хакери дошле до докуманти за вакцината Фајзер/БиоНтех

Хакери кои извршија сајбер напад врз Агенцијата за лекови на ЕУ (ЕМА) добиле пристап до некои документи за вакцината против коронавирус на фармацевтските компании „БиоНТех“ и „Фајзер“, се вели во соопштението на „БиоНТех“.

Европската агенција за лекови синоќа објави дека била цел на сајбер напад.

„Во моментов чекаме дополнителни информации и ќе одговориме соодветно и во согласност со законодавството на ЕУ“, велат компаниите. „ЕМА нè увери дека кибер нападот нема да влијае на временскиот распоред за неговиот преглед.

Во ноември германската компанија БиоНтех и американскиот фармацевтски гигант Фајзер објавија успешна трета фаза на клинички испитувања на сопствената вакцина, што покажа околу 95% ефикасност во спречување на коронавирусот.