Аналитичарот и екс-министер за финасии со саркастична реакција на информацијата дека Шефот на државата Стево Пендаровски и вработените во неговиот Кабинет, не добиле јануарска плата.
Во објаснувањето што го добиле во Кабинетот се вели дека од Министерството за финансии им образложиле дека „во буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот и го сметаме за неосновано“.
Министер за финасии е Фатмир Бесими, кадар од ДУИ на Али Ахмети, па Хајредини констатира:
„Изгледа дека претседателот се замерил нешто со Али Ахмети и Фатмир затоа не му дава плата“, напиша Хајредини на Фејсбук

