Хајредини: Заев му дал право на Бујар да преговара за јазикот!

„Мицкоски: Кој му дал право на Бујар Османи да преговара за мојот идентитет, јазик, за мојот народ, за Гоце Делчев…?

П.с. Заев.

Фејсбук статус на аналитичарот и екс-министер Џевдет Хајредини во врска со прашањето на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со кое право министерот за надворешни преговара за македонскиот јазик со соседна Бугарија.

„Еве една парадоксална ситуација. Од една страна наметнуваме едноцентрична теза премиер Албанец, од друга страна Албанец преговара за мојот јазик. Немам против да има премиер Албанец. Зошто има тој против мојот јазик да преговара? Зошто не рече дека тоа не е предмет на преговори? Кој е тој да преговара за мојот јазик, идентитет, Гоце Делчев?“, запраша Мицкоски во синоќешното гостување на ТВ21.

На ова краток коментар даде и министерот Османи, кој вели дека тој со иста жештина се борел и за албанскиот јазик и не би било чесно да се однесува поинаку за македонскиот јазик.

„Јас со иста жештина се борев за албанскиот јазик во Венецијанската комисија, во Влада, во Собрание… Би било нечесно да се однесувам поинаку за македонскиот јазик. Така да, ја сфаќам потребата за започнување на преговори таа дури и премногу е одолговлечена, требаше оддамна да почнат преговорите“, вели Османи.