Аналитичарот Џевдет Хајредини реагира на изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими кој најави дека „Владата ќе продолжи да го поддржува АД ЕСМ со цел да не поскапи струјата за граѓаните“.
И таа поддршка на АД ЕСМ ќе ја плаќаат граѓаните, не Владата, . објави на Фејсбук екс-министерот за финасии Хајредини.
Инаку, синоќа во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма, Бесими соопшти дека во Буџетот годинава се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со кризата од кои дел се наменети за ЕСМ.
