Поранешниот министер за финасии Џевдет Хајредини спори со изјавата на помладиот и актуелен колега околу придобивките што, наводно, ќе ги добие Македонија со пуштањето во оптек на граѓанска обврзница.
„Фатмир Бесими, во последната колумна, меѓу пет причини зошто граѓаните да инвестираат во граѓанската обврзница, како прва ја истакнува каматната стапка од 5%, како најповолна во моментот на пазарот.
Со државната обврзница Бесими ќе ги собира парите од “под перница“
Понатаму, министерот објаснува дека средствата се намените за буџетска поддршка, но и за развојни ставки во буџетот, со кои ќе се финансираат развојни пројекти, со тоа и економски раст и при тоа предупредува дека, “ако ние не им понудиме опција за вложување на граѓаните, тогаш тие своите средства ќе ги вложат надвор. Во тој случај друга држава ќе има средства да инвестира”.
На ова Хајредини вели:
„Тие што не знаат и веруваат во ова, треба да им се каже дека државните обврзници се стабилна и безризична инвестиција, затоа што долгот ќе се врати со парите на сите граѓани, кои не се пари на премиерот и министерот за финансии.
Со задолжување за било кој проект со каматна стапка повисока од економскиот раст, државата е во загуба.
Во Македонија повеќе од 30 години не е остварен економски раст со просечна стапка повисока од 2,5%, а за идниот перод до 2027 година, ММФ, Светска банка и Народна банка, прогнозираат раст од 2 до 3%. Досега само министерот Бесими и Владата за периодот до 2027 година прогнозираат годишен економски раст од 5,4%.
Добро ќе беше министерот во својата колумна да наведеше барем еден проект што ќе се финансира од овие пари и ќе се оствари добивка поголема од 5%“, објави на Фејсбук Хајредини.
