Аналитичарот Џевдет Хајредини со ироничен коментар за изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ‘не смееме да дозволиме Албанија, Србија и Црна Гора да бидат пред нас, во тој случај остануваме во друштво со БИХ и Косово‘.

„Само Ковачевски ако им дозволи, другите соседни земји ќе можат пред Македонија да се зачленат во ЕУ“, вели Хајредини а во претходен пост прашува:

„Зошто Ковачевски дозволува Македонија, пред Албанија, Србија и Црна Гора, да биде според крадење на парите на европските фондови, а да не им дозволи тие пред неа да ги продолжат преговорите за влез во ЕУ“.