Хајредини: Психолозите да објаснат зошто Ковачевски повторува дека не функционира под уцени и притисоци – освен оние на Ахмети!

„Ковачевски: “ќе повторам уште еднаш дека јас под уцени и притисоци не функционирам”.
ххх
Со исклучок на уцените и притисоците на Али Ахмети.
xxx
Само психолозите можат да објаснат зошто на премиерот Ковачевски му треба секој ден да повторува дека избори ќе има во 2024, а во последно време и дека под уцени и притисоци не функционира.“ – напиша поранешниот политичар и сега политички аналитичар Џевдет Хајредини на фејсбук, по бездруго безуспешниот обид да „проникне“ во психолошката состојба на така наречениот „македонски премиер“, кој се почесто повеќе не умее ниту напишан говор да прочита, ниту нешто да каже, а да не излаже.