„Нема потреба ниту од средба со амбасадорката Агелер ниту за внатрепартиски реферндум во АА“, реагира аналитичарот и екс-министер за финансии на информацијата дека лидерот на Алијанса на Албанците ќе се консултира со американската амбасада околу евентуално идно влегување во Влада.

„Познато е дека и САД и сите Албанци без исклучок, се за членство на Македонија во ЕУ, меѓутоа, се и против криминалот и корупцијата на пилитичарите на оваа влада“, вели Хајредуини, кој во претходен пост на Фејсбук објави:

„Нашите меѓународни пријатели” и граѓаните, од државата бараат борба против криминалот и корупцијата, што дошле до степен на вистинска катастрофа, а не да се прошири мнозинството за да се создаде “една алијанса за обединета Европа”, која му треба само на Али Амети против огнената група во ДУИ“.

.