„Да се каже дека изборот на Талат за „технички“ премиер во РСМ на само 100 дена пред парламентарните избори, не е „лекција“ ниту „историски настан“, туку е грубо мешање на Рама во предизборната кампања на соседната држава(…), што не му е прв пат“, реагира аналитичарот Џевдет Хајредини на објавата на албанскиот премиер Еди Рама во која го велича Али Ахмети а изборот на техничкиот премиер што треба да се случи денеска го нарече историски.
„Предавничката измама на Али Амети беше и кога вети дека Насер Зибери ќе биде избран за албански премиер со 4-годишен мандат во Македонија“, вели Хајредини.
Во оделна објава на Фејсбук, тој вели:
„ За Македонија историски ќе биде денот кога Али Амети и ……, поради сите коруптивни скандали во нивното време и сеуште на власт, ќе завршат во затвор“.
За бројните „честитки“ и еуфорија предизвикана од предлогот Талат Џафери да ја води техничката влада во следните 100 дена, Хајредини го цитира професорот Идлир Лика , од Универзитетот за ополитички студии во Истанбул:
„Како Еди Рама и другите албански политичари во Косово и Црна Гора не се срамат да го наречат овој ден историски...“, пренесува Хајредини.