Аналитичатор Џевдет Хајредини со циничен коментар по изјавите на министри од Владата дека биле изманипулирани околу спојувањето на концесиите за рудникот Иловица-Штука од министерот Крешник Бектеши.

Министерката за животна средина Каја Шукова и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчовска кои вчера присуствуваа на протестот во Струмица изјавија дека Бектеши ги измамил премиерот Димитар Ковачевски и неговите колеги министри. И министрите Оливер Спасовски и Славјанка Петровска отворено велат дека се сомневаат дека биле измамени од нивниот колега…

„Не е толку страшно ако Бектеши само еднаш ја излажал Владата, кога за цените секој ден ги лаже сите граѓани“, објави Хајредини на Фејсбук.