Хајредини: На Софија ѝ е битно што мисли Османи, а не Димитров

Аналитичарот Џевдет Хајредини изнесува свое мислење за ставот на поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров дека „Официјална Софија мора да разбере дека македонскиот народ е навреден“!

„Официјална Софија побитно е што сегашниот министер за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, не мисли така“ – вели Хајредини.

Вчера, во интервју за емисијата „10 минути“ на ТВ 21 Димитров изјави:

„Ние сме навредени. Можеме да ги усвоиме уставните амандмани, ама да го условиме нивното влегување во сила со прифаќањето од страна на Бугарија на правото на македонскиот народ на самоопределување, вклучувајќи го тука и македонскиот јазик. Можеби ним не им е гајле за македонско-бугарските односи.

Меѓутоа, ако им е гајле, да седнеме и да им објасниме дека ова не е патот, дека ова само нè оддалечува“.