Хајредини: На Ковачевски му текна за – ветинг

Аналитичарот Џевдет Хајредини се потсмева со најавата на актуелниот премиер дека ако победи, во следниот мандат ќе спроведе ветинг:
„Откако општеството во сите пори го зафати епидемијата на криминалот и корупцијата, Ковачевски најавува дека, ако победи на изборите, во наредниот мандат ќе спроведе процес на ветинг.
Дотогаш, како досега, грабежот на државниот имот ќе продолжи со несмален интензитет“, констатира Хајредини.