Вака аналитичарот и екс-министер за финасии Џевдет Хајредини ја коментира изјавата на премиерот ДиИмитар Ковачевски според кој „местото на сите држави од регионот е во ЕУ и го имаме потребниот лидерски потенцијал за носење на храбри одлуки за подобра иднина за сите нас на Западен Балкан и на Европа, зашто ни се потребни единство и стабилност“.
„’Лидерскиот потенцијал’ – вели Хајредини – за носење храбри одлуки го немаат ‘лидери’, како Ковачевски, Бујар, Бојан и ‘главниот кој во земјата одлучува и не сноси одговорност’, кои и самите признаваат дека во Македонија не е можно владеење направото и борбата против корупцијата, пред да го добие датумот за преговори со ЕУ.
На иста тема а во пресрет на денешниот состанок на лидерите од регионот на тема „план за раст на Западен Балкан“, Хајредини констатира:
„Никаков план за раст на Западен Балкан нема да се оствари сè додека Бујар и Бојан тврдат дека во Македонија не се можни реформи, владеење на правото и борбата против корупцијата, пред земјата да го добие датумот за почеток на преговорите за влез во ЕУ.

Ова треба да го знаат и учесниците на утрешната (денешната н.з.) конференција во Скопје“, вели Хајредини.