Лесно му е на Ковачевски со оние Албанци, за кои Заев викаше дека не вредат пет пари. Вака поранешниот министер за економија Џевдет Хајредини ги коментира последните случувања со реконструкцијата на владата, во која влегува Алијанса за Албанците, а излегува Алтернатива, додека пак ДУИ останува.

Хајредини потсети на еден телефонски разговор на поранешниот премиер Зоран Заев во кој тој вели дека „Албанците не вредат пет пари“.


Заев потоа се дообјаснуваше дека мислел на ДУИ, а истото го кажа за време на кампањата во 2020 година.

-ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку. Сепак и покрај тоа што ДУИ не вреди пет пари, на 27 април 2017 година со сопствен живот го бранев животот на Талат Џафери, напиша тогаш Заев.