Хајредини: ДУИ е кочничар за економијата

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, вели дека Македонија во изминатата деценија е на дното по економскиот раст и по приливот на странски инвестиции во регионот и оти тоа досега беше објаснувано со закочените евроинтеграции, но сега причина се и ненаправените реформи.

„Десното крило на владата на ВМРО-ДПМНЕ беше ДУИ. За жал, ДУИ и сега е во владата и тие се кочничарите, па светот и натаму е претпазлив дека внатре текот на настаните не е сосема погоден за внатрешната политичка стабилност“, вели Хајредини за радио Слободна Европа.

Светската банка предупредува дека растот на економијата годинава ќе биде понизок од владините проекции и предвидува македонската економија да порасне за 2,9 отсто, што е најмалку во регионот

Владата најавува дека растот на економијата ќе биде 3,2 отсто.

Извор: Радио Слободна Европа