„Министерот за економија, Крешник Бектеши објави видео со конечно добредојде за трансформаторот кој долго патува од Турција преку Грција за РЕК Битола.

Сите трансформатори, генератори, турбини и цевководи што во минатото пристигнале од Полска, Русија, Љублана, Марибор и Загреб, кога пристигнале, ниеден министер за економија, за конечно добредојде од долгиот пат, не дошол од Скопје со трансформоторот за добредојде да се слика.

Покрај трансформатор не се сликат ниту децата од предшколска возраст“, му порача на министерот Бектеши преку објава на Фејсбук екс министерот за финасии и аналитичар Џевдет Хајредини.

По пристигнувањето на трансформаторот во Битола, Бектеши објави видео и порача: „Целосно подготвени за зимата… после повеќе години РЕК Битола работи на фул капацитет“!