Аналитичарот Џевдет Хајредини ја коментира изјавата на американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер дека за корупцијата во земјава не може да се обвини само една влада, бидејќи има системски проблем уште од независноста пред 31 година.

Агелер : Корупцијата продолжува да биде најголем проблем во Македонија

„После оваа изјава, дека “не можеме да обвиниме само една Влада или институција”, амбасадорката ќе треба ова да го каже и на сенатската комисија пред која, пред да дојде, вети дека приоритет ќе и биде токму борбата против корупцијата.

А, ние, бидејќи состојбата била таква уште пред 31 година, сигурно така ќе издржиме и наредните 31 година“, констатира Хајредини во објава на Фејсбук.