„Уште пред да почнат, се однесуваат како досега некој непријател да не им дозволил да градат“, го комементира аналитичарот и екс министер за финасии брзањето на власта за старт по секоја цена на делниците од коридорите 8 и 10-д.
„Без проект, без експропријација, со незаконска постапка, со скриен договор за коруптивни цели, Ковачевски и „координаторот“ брзаат со почеток на изградба на коридорите 8 и 10.
Брзаат оние кои почнаа во изминатите 20 години, а не завршија ни два километри. на автопатот од Скопје до Блаце во должина од 12 км“, пишува Хајредини на Фејсбук.
Во ретходна објава Хајредини вели дека „Ковачевски и Груби, сите кои се против тајниот договор со Бехтел и Енка за криење на криминалот и корупцијата, ги обвинуваат дека се против изградбата на коридорите 8 и 10, како и против евроинтеграциите на Македонија“.