Хајредини: Како тргнало со лапсусите, ќе дојде време кога лапсус ќе биде употребата на Македонија без Северна

Некогашниот министер за финансии Џевдет Хајредини со свое видување за „лапсусот“, според шефот на дипломатијата Бујар Османи, на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, која среде Скопје го нарече македонскиот народ „Северномакедонци“.

„Ако продолжи вака како што почнало со лапсуси, ќе дојде време кога лапсус ќе биде употребата на името на Македонија без придавката ‘северна’“, коментира Хајредини на Фејсбук.