„Фејзи Хајдари, издавач на весникот ‘Лајм’, за Радио Слободна Европа вели дека врз основа на ставовите на партиите, како ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, тешко дека ќе се усвојат уставните измени, бидејќи се случуваат тактизирања, кои задолжително ќе ја одведат * Македонија до предвремени парламентарни избори.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА.
ИНА пренесува: „Ваквите изјави се повеќе од тактички и политички карактер отколку од практичен. ВМРО, со високиот партиски рејтинг што го има во моментов, тешко дека би прифатила да влезе во промени поврзани со дел од македонскиот национален идентитет, како и со вклучување на Бугарите во Уставот. Прифаќањето на оваа понуда за партијата на Мицкоски сега, кога се очекува изборите да се одржат многу брзо, автоматски би значело и намалување на рејтингот. Затоа, имајќи го ова предвид, ВМРО никако не би ги прифатила промените.“ – вели Хајдари.
Хајдари оценува дека „ако амандманите не бидат усвоени, постои можност * Македонија да се соочи со последици и внатрешно и надворешно“, особено од Бугарија, која, според него, постојано може да го користи правото на вето во случај да не биде вклучено бугарското малцинство во преамбулата на Уставот на * Македонија.