Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш изрази надеж дека договорите постигнати за време на Самитот САД-Русија во Женева ќе доведат до намалување на нуклеарното оружје во светот.

– Генералниот секретар ја поздрави намерата на Руската Федерација и Соединетите Американски Држави да водат дијалог за взаемна стратешка стабилност и изрази надеж дека ова ќе доведе до конкретни мерки за контрола на оружјето, вклучително и натамошно намалување на нуклеарниот арсенал во светот, рече портпаролот Стефан Дуџарик.

Гутереш, исто така, ја поздрави заедничката изјава на двајцата претседатели за стратешка стабилност, истакнувајќи ја нивната посветеност на принципите дека нема победник во нуклеарна војна и никогаш не треба да започне таква војна.

„Русија и САД ја потврдуваат својата посветеност на принципот дека никогаш не треба да се започнува никаква нуклеарна војна во светот“, беше наведено во вчерашната заедничка изјава на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден за стратешката стабилност, објавена на веб-страницата на Кремљ.