И покрај тоа што во упатството на МНР  издадено за странски новинари, стои дека придавката „северно македонски“ не е согласно со договорот, на Гугл Македонската радио телевизија стана „Северна македонска радио телевизија“,„North Makedonska Radio televizija“.

Во споменатото упаство се вели дека „Северно македонски”, „Македонски”, „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат.

Генералниот секретар на владата Драги Рашковски, кој раководи и со меѓуресорската група за спроведување на договорот од Преспа, за Канал 5 вели дека на редовната владина седница ќе се решаваат сите детали за новите имиња на институциите.

Според Kанал 5, прашање е како ќе бидат новите имиња на МТВ, МНТ, Македонска филхармонија, Македонски пошти, Македонски железници, Електрани на Македонија…

Извор: Канал 5